Се урна авион со позната мексиканска пејачка, нема преживеани

Спасувачките екипи успеале да го пронајдат претходно исчезнатиот од радарите авион со кој летала познатата мексиканска пејачка Џени Ривера, а во остатоците нема преживеани, изјави за мексиканската телевизија, министерот за транспорт на Мексико, Херардо-Руиз Еспарса.

Малиот приватен авион „Learjet 25“ исчезнал од радарите ноќта кон неделата во сојузната мексиканска држава Нуево Леон во североисточно Мексико, соопштија локалните власт. Делови од авионот биле пронајдени во неделата навечер по локално време во областа Итурбиде во истата дражва. „За жал, авионот е целосно уништен“, изјавил министерот Еспарса.
Џени Ривера на 43-години, родена Долорес Џанеј Ривер, беше една од ретките музичари од мексиканско потекло (таа е родена во САД во семејство на имигранти од Мексико), којашто постигна голема слава, како во Мексико, така и во САД, каде што нејзините концерти редовно биле распродадени. Во 20-годишната кариерата има продадено повеќе од 20 милиони плочи. Исто така, Ривера мајка на едно девојче, почнала и телевизиска кариера во риалити шоу, за подоцна да води свое шоу и на американската мрежа ABC, а била ангажирана активистка за правата на жените и покренувач на многу хуманитарни акции. Основала и повеќе компании, од областа на козметиката, модата, музичката индустрија итн.
Во авионот кој летал од Монтереј за Толука (во близина на Мексико Сити), омало седум лица, вклучувајќи и двајца членови на екипажот. Ривера претходната вечер имала концерт во Монтереј.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: