Грчкото министерство за финансии објави денеска дека вкупниот долг на централната власт на крајот на јули изнесува 303,5 милијарди евра што значи дека повторно бележи пораст по намалувањето на крајот на март.
На крајот на март изнесуваше 280,2 милијарди евра, а највисокот ниво, од 367,9 милијарди евра достигна во четвртото тромесечие лани, покажуваат официјалните податоци.
Грција од крајот на 2009-та година се бори со тешка финансиска криза и без кредитот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европската централна банка (ЕБЦ) и Европска Унија не би можела да ги подмирува своите финансиски обврски. За да ги добие кредитите, се обврза на остри мерки за штедење. Но, сите аналитичари проценуваат дека ваквите мерки на штедење не се доволни, а надворешните аналитичари се сомневаат дека воопшто се штеди како што е договорено. Па затоа се чека извештајот на тимот специјалисти кој треба да потврди или негира дека се е во ред со договорените мерки на Грција и ЕУ. Ако пак не се потврди дека се спроведуваат мерките се доведува во прашање понатамошната помош за Грција што со сигурност ќе доведе до нејзино напуштање на еврозоната.
Пронајдете не на следниве мрежи: