Дневен хороскоп за 10.12.2012 – понеделник.
Овен
Имате желба за издвојување од околината, бидејќи во друштво се чувствувате инфериорни. Единствена утеха може да ви дадат вистински мудри постари личности кои со своите совети не вршат атак на вашата суета. На сите страни се евидентни ограничувања.
Бик
Внимавајте за тоа што зборувате и со кого се дружите. Некои ваши постапки може да ве доведат до сериозни проблеми, но само со сериозно однесување може да се оттргнете од проблемите. Сите сомнителни работи и личности елиминирајте ги, бидејќи не вредат.
Близнаци
Кога само помалку би зборувале и би глумеле. Но, тоа е се во согласност со вашата природа – едно да зборувате, друго да мислите, а трето да правите. Околината со ова е запознаена, па некои ваши констатации ги толкува на адекватен начин. Не можете вечно да се фолирате.
Рак
Пред вас е успешен ден во секој поглед. Некои соработници се обидуваат да ги минираат работите, но вие не се давате. Ќе успеете да остварите се што сте замислиле, и тоа со подршка на личности родени во знакот на Стрелец и Рак. Обидете се на нив да се угледате.
Лав
Една Водолија на нејзин својствен начин ви помага добро да се чувствувате. Ве поддржува во некои идеи и во нивната реализација. Бидејќи со неа сте повеќе во пријателска шема, не дозволувајте агресивното однесување кое повремено го покажувате да ве осуети.
Девица
Обидете се да останете што подолго во оваа состојба, за која е карактеристично присуството на оптимизам и желба да делите со другите се. Наглите страствени изливи на чувства прават да заборавате на сите несогласувања со саканата личност.
Терезија
Сакате друштво на личности со кои имате нешто заедничко. Бидејќи успеавте да ги преминете емотивните бариери, станавте шармантни, неодоливи и неповторливи, партнерот е луд по вас. Ете начин како дефинитивно да го придобиете.
Скорпија
Го остварувате она што сте го замислиле, под услов големата среќа да не ве осуети. Како што гледате, аспектите на среќа може да дејствуваат погубно, бидејќи носат мрзливост и склоност кон уживање. Бидејќи ставата ви е загрозена, се советува диета во комбинација со вежбање.
Стрелец
Се обидувате додека зборувате едно, а мислите друго да ги скриете деловните потези. Се плашите од конкуренција, бидејќи најдовте начин како со минимален напор да остварите добра заработка. Во светот на фантазиите сте, што во моменталната ситуација е добро.
Јарец
Иако сте почувствителни отколку што покажувате, ќе успеете извесна ситуација да ја сфатите реално и да не се нервирате. Доколку сакавте до нешто да дојдете, па не ви пошло од рака, ќе ги согледате работите од разни аспекти. Не лутете се на никого, за тоа немате оправдување.
Водолија
Раковите и Водолиите се идеална комбинација за вас. Неконвенционалноста на овие личности совршено ви одговараат, барем денес. Бидејќи уживате не само во нивно друштво туку и на начинот на кој тие размислуваат. На нивниот пример се учите.
Риби
Ви се нудат многу шанси за деловен напредок, не дозволувајте да ги пропуштите. Поволно ќе минат оние Риби кои ги преминале своите слабости и стравови. Пред нив е големо признание, успех и материјална добивка. Подгответе се за убави вести.
Пронајдете не на следниве мрежи: