Запленети 300 кг марихуана во Драч

Албанската полиција во вечерните часови во неделата откри и заплени 300 килограми марихуана во пристаништето во Драч.

Дрогата била откриена во еден камион со албански регистерски таблички во момент кога ја минувал контролната точка во пристаништето.
Камионот требало да влезе во траектот кој пловел на релацијата Драч-Бари. Возачот на камионот, кој е албански државјанин, бил веднаш уапсен.
Според локалните медиуми, ова е веќе петта акција за откривање на дрога во декември во пристаништето во Драч.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: