Меси испиша нова страница во фудбалската историја

Лионел Меси, на натпреварот со Бетис, одигран во Севиља, испиша нова страница во фудбалската историја.

Аргентинецот, во победата на Барселона со 2:1, ги постигна двата гола за својот тим. со што стама играч со најмногу постигнати погодоци во една календарска година.
Меси, во 2012 година, во сите натпреварувања 86 пати ги тресел противничките мрежи, претходно рекордот го држеше Герд Милер, легендарниот Германец во 1972 година постигнал 85 голови. До бројката од 86 постигнати погодоци Меси стигна со 67 одиграни натпревари, Милер пред 40 години на 60 натпревари постигнал 85 голови.
Меси головите против Бетис ги постигна во 16-та и 25-та минута, додека конечниот резултат го постави Рубен Кастро во 39-та минута од натпреварот.

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: