Родила во камион во Србија, ќерката ја крстила Снежана

Интересна вест ни доаѓа од Србија.

 

Како што веќе знаеме, ситуацијата на патиштата е доста сериозна на север. Па така речиси цела Хрватска и Србија се затрупани во снег, отежнати се патиштата и патните правци.

 

Викендов, за време на една мини бура, блиску до Зрењанин, млада мајка се породи во камион. Идентитеот на 17 годишната мајка не е познат, но познато е дека својата ќерка ја крстила Снежана. Девојката добила породилни болки доцна попладнето и нејзините соседи пробале да ја довезат до најблиската болница, но поради лошите временски услови не успеале во тоа, па така, во придружба на бабица, таа се породила во возилото. Набрзо потоа дошла и итната помош.

 

И мајката и малата Снежана се во добра здравствена состојба.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: