Специјалниот пратеник на ОН и Арапската лига за Сирија, Лакдар Брахими, во неделата изјави дека одржал конструктивни разговори со руските и американските експерти, додека генералниот секретар на Арапската лига Набил ал-Араби повика на приближување ставовите на САД и Русија по ова прашање.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во петокот рече дека експерти од Русија и САД се согласиле да одржат консултации со специјалниот претставник на ОН и Арапската лига за Сирија за „едноставно да разменат ставови за тоа како треба да се движи кон решавање на сириската ситуација“.
„Дијалогот со руските и американските претставници мина конструктивно и го дефинира пристапот за политичко решение на сириската криза“, изјавил во неделата во Женева специјалниот претставник, алжирскиот дипломат Лакдар Брахими, пренесува Reuters.
Најавувајќи го разговорите на претставниците на САД и Русија со меѓународниот претставник Лакдар Брахими во Женева, челникот на Арапската лига, Набил ал-Араби во катарската престолнина Доха каде го води министерскиот состанок на арапската комисија за Сирија, ги повика двете суперсили да ги доближат своите ставови околу начинот на решавањето на 20-месечниот сириски конфликт.
Шефицата на американската дипломатија Хилари Клинтон којашто во четвртокот во Даблин се сретна со рускиот колега Лавров и посредникот Брахими, призна дека таа средба не завршила со „значаен напредок“, но нагласи дека ќе следат и други средби
Араби изјави дека цел на американско-руските разговори е „подготовка на резолуција којашто би била поднесена на Советот за безбедност на ОН“ околу решавање на сириската криза. „Таквата резолуција ќе биде јасна порака за режимот во Дамаск дека нема повеќе заштита“, изјавил Араби, надевајќи се дека руската страна ќе го прифати условот на западните и арапските земји за отстапување од власта на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: