По инцидентот со радио шегата со Кејт, нов правилник во Австралија

Австралиското радио чии водители ја измамија медицинската сестра од лондонската болница во која беше хоспитализирана британската војвотка од Кембриџ, во неделата објави дека смртта на медицинската сестра била „непредвидлива“ и најави преиспитување на правилникот за емитување.

Раководството на групацијата „Southern Cross Austereo“ која е сопственик на радиото 2Day FM, одржало итен состанок за да го разгледа писмото на лордот Сајмон Гленартур, претседател на управата на лондонската болница од затворен тип „Едвард Седми“ , каде што лежеше Војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон, во кое тој несолената шега на двајцата водител на радиото ја смета „во секој поглед достојна за жалење“,
„На сите ни е жал за изминатите случувања. Навистина се трагични“, одговориле од радиото на писмото на лордот Гленартур, пренесува  Australian Associated Press.
„Прерано е за сите детали кои довеле до тој трагичен исход и нестрпливо ги исчекуваме резултатите од истрагата кои ќе ги дознаеме во исто време кога и јавноста. Ве уверуваме дека во целост ќе соработуваме со истрагата“, велат од „Southern Cross Austereo“, додавајќи дека ќе го преиспитаат правилникот за емитување.
Во петокот беше пронајдена мртва медицинската сестра Џасинта Салдана којашто наседна на телефонскиот повик на двајцата австралиски радио водители Мел Грејг и Мајкл Кристиан, кои се претставувале за кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс, и така ја дознаа медицинската состојба на Кејт Мидлтон во раната бременост. Салдана беше правата која одговорила на лажниот повик и потоа го пренасочила на друга сестра којашто ја соопштила состојбата на Војвотката од Кембриџ.
Диџеите Грејг и Кристиан коишто во меѓувреме се извинија, според пишувањето на австралискиот весник Sydney Morning Herald, предизвика многу негодувања и барања од раководството на радиото да ти отпушти, и тие се привремено суспендирани. Истовремено многу компании го откажаа огласувањето во програмите на радиото.

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: