Пулс24 продолжува да освојува публика

Со помош на читателите кои редовно го посетуваат ПУЛС24.МК, порталот продолжува да се зацврснува на првото место во Македонија и истовремено да расне во регионални рамки. Веќе трета недела го задржуваме првото место, и според посетеноста, така се чини и ќе остане во блиска иднина.

Ние го објавуваме она што го имаме како бројка транспарентно, за да го имаат сите на увид. Некои „незадоволни“ од распоредот се обидоа да исфингираат листи, но попусто. Бројките се немилосрдни. Па така во периодот од месец дена ПУЛС24 го посетиле околу 3.3 милиони читатели (види слика во прилот). Истите прочитале неверојатни 9.9 милиони статии или содржини. Ако се земе просечното време што го провеле на сајтот од 3 минути и 54 секунди, произлегува дека посетителите провеле неверојатни над 13 милиони минути на сајтот или 9152 дена, во последните 30 дена. 

Мислиме дека ова се бројки за кои треба да и се заблагодариме на нашата публика која не препозна како портал кој во секое време има содржини интересни за секого.

Некои го оспорија рејтингот на ALEXA.COM (кликнете за листата врз ALEXA) најугледниот светски мерач на рејтинзи на сајтовите. Го оспорија а истовремено го преземаат неговото рангирање. Ние сметаме дека тоа ја искомпромитира таа листа, на агрегаторот кој неможе да се помири дека дојде портал кој има поголема посетеност од него. Затоа е добро што ИНФО.МК (кликнете за листата врз ИНФО) понуди неискомпромитирана листа на која ги има сите македонски сајтови, подредени по вистинскиот редослед.

За секој случај јавно ја објавуваме листата, односно прегледот што го прави ГУГЛ АНАЛИТИКА. 

Сите бројки се тука, нема што да криеме. Знаеме само дека ќе раснат уште повеќе благодарение на верната публика која е со нас секој ден. 

Исто така интересен е регионалниот пробив на ПУЛС24. Раснеме на дневна основа во околните држави. Во Словенија веќе се приближуваме на првите 1000, а добро се движиме и во Црна Гора, како и во Србија, БиХ… Погледнете ги и тие статистики. Се е на увид.

Голем поздрав од редакцијата до нашата верна публика. Останете со нас, само што започнавме.

Л.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се
печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Loading...