Русинот што освои 2,8 млн долари сé уште не доаѓа по наградата

Руската државна лотарија Гослото соопшти дека добитникот на џекпотот во износ од 87 милиони рубљи или 2,8 милиони американски долари, се уште не се јавил, но и дека има уште 180 денови да ја преземе наградата.

Среќниот заборавен добитник го купил тикетот со добитните бројки  во јужниот руски град Ростов на Дон, само неколку часови пред извлекувањето на 1-ви декември.
„Се надеваме дека нејавувањето на добитникот не е предизвикано од овој среќен настан“, се наведува во соопштението на Гослото.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: