Вечерва стартува Џамбо Бинго на МРТ1

Вечерва во 20:15 часот започнува новата сезона на Џамбо Бинго на јавниот сервис со шоуменот Игор Џамбазов.

„Со оваа сезона која започна со уплата од 28. ноември доаѓаат и новите промени. Првата промена е тоа што ќе се емитува на МРТ1 и втората е тоа што покрај водителот Џамбазов ќе биде и убавата Марјана. Остануваат во игра џекпот една линија и џекпот две линии, остануваат во игра автомобили и секако секогаш во игра се пари“, изјави Камелија Левенски од Лотарија на Македонија.
 

 
На нас останува да видиме какво изненадување ќе ни приредат водителот Игор Џамбазов и МРТ.

Пронајдете не на следниве мрежи: