Мелвин имал 85 години и боледувал од рак, а во моментот на неговата смрт, неговата грижлива сопруга била покрај него. Само неколку часа по неговата смрт, 80 годишната Дорис легнала до него и никогаш повеќе не се разбудила.
Брачниот пат Корнелсони, кои беа во брак прекрасни 62 години, живееле во заедница полна со среќа и љубов. Меѓутоа, минатата недела Мелвин и Дорис починале во ист ден, и тоа само период од неколку часови.
Нивната ќерка изјавила дека, тој бил првиот и последниот маж кој нејзината мајка го бакнала.
Овој пар од Канзас, САД, не е единствениот кој починал во краток временски период. Најпознатата приказна е прикажана во филмот ''The Notebook'', а експертите велат дека ова е прилично чест феномен.
Пронајдете не на следниве мрежи: