“Беше незаборавна вечер, не очекував толку голови, но играта на тимот беше фантастична, така што тоа не е некое огромно изненадување. Добро е да се биде единствениот играч кој постигнал 5 голови во еден натпревар во Ла Лига, и многу сум возбуден од фактот што влегов во клупската историја.” – изјави Радамел Фалкао.
Ако колумбискиот напаѓач во дресот на Атлетико важеше за еден од најдобрите напаѓачи во светот пред натпреварот против Депортиво, замислете колку му пораснала цената откако постигна 5 голови во победата на Атлетико од 6-0.
Како што многумина веќе заклучија, ниту Меси, а ниту Кристиано Роналдо не успеале да постигнат 5 голови во еден натпревар во Ла Лига.
Можеби најинтересниот аспект од голеадата на Фалкао е фактот што Фалкао постигна 5 голови од исто толку упатени удари кон голот. Помислете само на ефикасноста на Колумбиецот! Инаку Фалкао во мечот против Депортиво ја допре топката 36 пати, упати 5 удари кон противничкиот гол (сите прецизни, сите голови) и упати 17 додавања кон своите соиграчи, со 71% успешност.
Пронајдете не на следниве мрежи: