Австрија повторно ќе биде домаќин на Ф1 трка

Специјалниот советник на сопственикот на Ред Бул за Формула 1, Хелмут Марко, најави дека веќе од следната сезона една трка во првенството би можела да биде возена во Австрија.

„Ја известивме ФИА дека Ред Бул Ринг (новото име на патеката во Шпилберг крај Грац) е подготвена и дека и стои на располагање на Формула 1“, изјавил Марко.
Сопственикот на комерцијалните права, Берни Еклстон, веќе неколку месеци е во потрага по 20-та трка во календарот, откако за една година е одложено дебито на патеката во Њу Џерси.
Во календарот, кој ФИА го освои минатата недела, на седницата во Истанбул, остана празно место за еден Гран При кој би се возел во Европа, терминот е 21. јули.
Австрија, 26 пати била домаќин на трка во првенството на Формула 1, најпрвин тие биле возени во Целтвег, потоа на старата патека во Шпилберг од 1970 до 1987 година и на крајот на реновираната патека со нова траса во периодот од 1997 до 2003 година.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: