Градските власти и полицијата на белгиската престолнина Брисел одлучија да го демонтираат апстрактното Божикно дрво, всушност светлечка инсталација поставена на централниот плоштад Гран Плас, пишуваат локалните медиуми во понеделникот.
Според медиумите, оваа одлука се должи на протестите на христијаните коишто во ваквиот дизајн препознаа нарушување на христијанските вредности. Бea собрани повеќе илјадници потписи на онлајн петицијата, а исто така беше покрената и страница на Facebook против новата „елка”. Беше одржан и протестен марш против дизајнираната инсталација од метал, платно и LED диоди.
Критичарите ги обвинуваат функционерите дека за апстрактната инсталација се одлучиле од страв да не ги навредата не-христијаните, особено муслиманите, кои во Брисел ги има околу 250 илјади, или според некои процени 22 отсто.
Претставникот на муслиманската заедница во Белгија изјави дека божикните елки не ѝ пречат на неговата организација. „Знаеме дека живееме во земја со христијанска традиција, не не' навредува традиционалното божикно дрвце”, изјави Семесетин Угурлу.
Дел од белгиските медиуми и конзервативните политичари сугерираат дека елката е пример на „политичка коректност”, направена за да биде попривлечна за нехристијанските верски заедници од традиционалното божикно дрвце.
Градските власти, пак, категорично ги негираа обвиненијата за присуство на верски побуди при носењето на одлуката, тврдејќи дека тие се мотивирани од желбата за осовременување на старата традиција.
На интернет страницата на градот Брисел се наведува дека „борот” е дел од петте годинешни „светлечки” инсталации околу плоштадот Гран Плас и им нуди можност на посетителите да се качат на врвот и да уживаа во погледот на градот. Советникот за туризам во канцеларијата на градоначалникот, Филип Клосе на почетокот од декември изјави дека целта е да се прикаже „авангардниот карактер” на Брисел со спој меѓу современото и традиционалното и да се создаде нешто ново и поинакво.
Традиционално на централниот бриселски плоштад Гран плас се поставува 20-ина метри висок бор од шумите на масивот Ардени. Годинава тој беше заменет со 25 метри висока конструкција, но со помали божикни елки сѐ уште се украсува плоштадот.
Конструкцијата висока 25 метри ќе биде демонтирана на 28-ми декември. Полицијата стравува дека во пресрет на Божик и Новата година ќе има многу обиди да за качување на инсталацијата во текот на ноќите, што може да доведе до трагични последици. Не се исклучени исто така, и акти на вандализам.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: