Манчестер Сити размислува околу ангажман на дефанзивецот на екипата на Челзи, Ешли Кол.
Медиумите во Англија пренесуваат дека Роберто Манчини сака да го засили својот тим на позицијата лев бек бидеќи не е задоволен од залагањето на Гаел Клиши и Александар Коларов во досегашниот тек од сезоната.
Се шпекулира дека Ешли Кол е првата опција на Роберто Манчини. Сево ова не е ни малку чудно доколку се земе во предвид дека Кол има уште шест месеци до истекот на договорот со Челзи и можно е овој фудбалер да си замине од Челзи во јануари или во јуни евентуално.
ПСЖ сепак е главен конкурент за ангажман на Ешли Кол, но се верува дека трансферот на Кол во ПСЖ е под знак прашалник поради тоа што Карло Анчелоти нема голема доверба од страна на челниците на ПСЖ.
Пронајдете не на следниве мрежи: