Ниту Челзи, ниту Сити – Пеп го презема Баерн?

Пеп Гвардиола од наредното лето ќе биде тренер на Баерн Минхен, пренесува „Тајмс“.

Јуп Хејнкес е во последната година од својот договор со екипата на Баерн Минхен, а се шпекулира дека Пеп Гвардиола, кој со екипата на Барселона во четири години освои 14 трофеи, ќе седне на клупата на Баерн Минхен.

„Тајмс“ известува дека Гвардиола премногу го цени професионализмот во германските клубови, и дека е воодушевен од индивидуалните квалитети кои ги поседуваат фудбалерите на Баерн Минхен.

„Во новата година прво ќе разговараме со Јуп Хејнкес“ изјави Карл-Хајнц Румениге на прашање поврзано со Пеп.

Пронајдете не на следниве мрежи: