Никица Јелавиќ со огромна радост го прослави голот против Тотенхем во дуелот од англиската премиер лига во рамките од 16-тото коло каде екипата на Евертон со комплетен пресврт во последните минути славеше со 2-1.
Тотална еуфорија со погодокот на Никица Јелавиќ, погодок кој му донесе мошне важна победа на тимот на Евертон против Тотенхем со резултат 2-1.
Откако во 92-рата минута од мечот го постигна конечните 2-1 на „Гудисон Парк“, хрватскиот интернационалец отиде кај корнер знаменцето да го прослави голот со фановите на Евертон. Јелавиќ се приближи на еден навивач кој на главата имаше зимска капа со клубските обележја на тимот и во момент на спонтаност му ја зема капата.
Пронајдете не на следниве мрежи: