Британскиот возач Луис Хамилтон се раздели со тимот на Мекларен во чии редови стигна во 1998-мата година на 13 годишна возраст.
Минатиот петок Хамилтон го посети тимот на Мекларен во Вокинг, а тогаш следеше емотивен поздрав.
„Ова беше најтешката одлука која некогаш сум ја донел“ изјави Хамилтон алудирајќи на заминувањето од Мекларен и преминувањето во Мерцедес од наредната година.
„Мојот период во Мекларен беше фантастичен. Кога стигнав во Формула 1 во 2007-мата година се сеќавам дека Рон Денис ми кажа „Немој да бидес изненаден ако бидеш спор од една секунда од Алонсо“, знаев дека нема да биде така, следната година ја освоивме титулата. Ви благодарам премногу, вие сте прекрасни, уште ќе бидете“ изјави Хамилтон.
Пронајдете не на следниве мрежи: