Аналог на светскиот интернет ресурс за размена на видео материјали YouTube, наречен „Мехр“ (https://www.mehr.ir), (љубов/зближување – на персиски) е создаден во Иран, пишуваат во понеделникот медиумите од регионот.
Новиот национален интернет ресурс се појави во период на строга цензура на содржините поставувани на YouTube и Facebook, која започна во 2009 година. Според авганистанскиoт интернет портал Khaama Press, Иранците ќе можат на ресурсот да поставуваат кратки филмувани содржини со музички спотови од домашно производство.
Заменик-директорот на државната радиотелевизија „Гласот на Исламската Република Иран“, Лотфула Сијахкали изјави дека новиот сервис ќе овозможува да се следат телевизиските програми на државните компании и „ќе ја промовира иранската национална култура“.
Иранските власти, исто така, го попречуваат пристапот до „антидржавните“ интернет ресурси, особено, откако во септември оваа година беа откриени на Google и Gmail по појавата на антиисламскиот филм „Невиноста на муслиманите . Достапот до нив е спречен „до официјални инструкции“, истакнува Khaama Press.
Многу интернет корисниците во Иран, половината од 75 милионското население, за избегнување на цензурата го употребува софтверот познат како Виртуелна приватна мрежа (VPN), чија продажба е нелегална во Иран.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: