Хистерија во Хонгконг и Сингапур по венчавки за 12.12.12

Хонгконг и Сингапур се подготвени за вистинска грозница за венчавките закажани за 12-ти декември 2012 година, на денот кој според кинескиот  фенг шуи се смета за извонредно среќен ден.

Годинава во Хонгконг засега се предадени 696 барања за венчавка на 12-ти декември, на датумот кој ја симболизира љубовта, што е за четири пати повеќе од дневниот просек од 177 венчавки во октомври, соопшти портпаролот на градските власти.
Во Сингапур, каде што од тројца од четворица жители се Кинези, 540 двојки ќе го кажат „судбоносното да“ во среда, или дури осум пати повеќе од дневниот просек на двојки коишто се венчаваат.
Станува збор за многу популарен датум , вели вработен во една од компаниите што се занимаваат со организација на церемониите на венчавање, пренесува AFP.
И покрај тоа, најголем ентузијазам за стапување во брак во Хонгконг е покажан во на 11-ти ноември 2011 година (11.11.11), кога во еден ден се венчале 1002 двојки, на датумот којшто кај Кинезите ја симболизира вечната љубови, како и на 10-ти октомври 2010 година (10.10.10), датумот што го симболизира совршенството.
Како што забележуваат локалните медиуми, некои двојки се решиле да „резервираат“ 12-ти декември и за да се заколнат на вечна верност пред 21-ви декември, кој според календарот на древниот мексикански народ Маите го означува со завршувањето на една голема ера и истовремено почеток на нова епоха, додека западното толкување на претскажувањето на Маите дека на овој датум ќе настапи „крајот на светот“.
Што се однесува до Сингапур, таму рекордот според бројот на венчавки во еден ден е соборен на 14-ти февруари 1995 година, со 1.082 венчани двојки кога католичкиот празник на Свети Валентин, или денот на вљубените коинцидираше со неговиот кинески пандан.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: