Силен земјотрес во Индонезија, нема предупредување за цунами

Земјотрес со магнитуда од 7,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди во понеделник источните индонезиски острови Малуку, а засега не е издадено предупредување за цунами, соопшти Американскиот геолошки институт.

Земјотресот се случил во попладневните часови на околу 365 километри југоисточно од главниот островски град Амбона, на длабочина од речиси 160 километри во Бандското море.
Индонезиските сеизмолози тврдат дека овој силен земјотрес нема да предизвика цунами бидејќи се случил на голема длабочина. Засега нема информации за евентуални жртви и штети.
Индонезија се наоѓа во Огнениот појас на Пацификот, област со голема сеизмичка и вулканска активност.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: