Протести во Љубљана и Марибор

Пред Градското собрание во Љубљана во понеделник вечер имаше протест на неколку десетини граѓани кои бараат оставка на градоначалникот Зоран Јанковиќ. Протестот минува под паролата „Зоки, пакувај се!“.

Протест има и во Марибор, каде што демонстрантите бараат да бидат пуштени од затвор неколку млади луѓе кои беа уапсени за време на претходните протести во тој град.
Демонстрациите во Марибор беа насочени против државната и локалната власт, по што градоначалникот Франц Канглер поднесе оставка, која ќе стапи на сила на крајот на годината.
За време на демонстрациите, кои прераснаа во немири, беа уапсени поголем број од демонстрантите, а неколку млади сè уште се во притвор.
Граѓаните со протестите, кои од Марибор се проширија низ цела Словенија, го изразуваат своето незадоволство од владините мерки за штедење.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: