Во италијанската Серија А комплетирано е 16-то коло, кое со победа го заклучи екипата на Удинезе.
Данило и Ди Натале со погодоците постигнати во првите половина час од натпреварот со Сампдорија, му донесоа победа на Удинезе на „Мараси“ во Џенова. Голманот на Удинезе, Бркиќ, во 64-та минута му одбрани пенал на Поци.
На вториот меч, кој се одигра на „Ренато Делара“ во Болоња, домашниот тим против Лацио одигра без голови. Лацио нема пораз на пет натпревари во низа и се задржа во горниот дел од табелата.
Сампдорија-Удинезе 0:2
Болоња-Лацио 0:0
Аталанта-Парма 2:1
Рома-Фиорентина 4:2
Каљари-Киево 0:2
Палермо-Јувентус 0:1
Торино-Милан 2:4
Пескара-Џенова 0:2
Сиена-Катанија 1:3
Интер-Наполи 2:1
Табела: Јувентус 38, Интер 34, Наполи 33, Лацио 30, Рома и Фиорентина 29.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: