Можеме слободно да кажеме дека Северина е една од најекспонираните ѕвезди за изминатата година. Дел поради кариерата а дел поради приватниот живот. Изминатата 2012 добивавме мал милион вести поврзани со нејзиниот син, семејство, развод, песна, спот, албум…
И сега, конечно изгледа дека таа повторно го зема својот живот во своите раце. Изгледа подобро од било кога до сега, и конечно стана мајка. Во едно интервју за Глорија Глам, што Севе го даде викендов, на прашањето по што се ќе ја памти изминатата 2012 година, таа даде јасен одговор во една реченица: “Изминатата година ќе ја паметам по раѓањето на мојот син, по среќата што ме прати по тој радосен настан, по неговата прв насмевка, упатена токму кон мене, по убавите моменти поминати со неговиот татко, по доброто здравје кое ме служеше и по песната Италијана која стана хит во целиот регион.”
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: