Венецуелски лекар предвидува дека на Чавез му останува да живее до април

На претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, кај кого повторно се откриени малигни клетки, му останува да живее уште неколку месеци, најдоцна до април 2013 година, рече во интервју за колумбиското радио RCN, венецуелскиот лекар кој живее во САД, Хозе Рафаел Маркина.

Лекарот добро запознаен со здравствената ситуација и познат по прогнозите за здравјето на претседателот и Венецуел, а има извори блиски до медицинскиот тим на Хуго Чавез, како во кубанската престолнина Хавана, така и во Каракас. „На претседателот му преостануваат два или три месеца, за жал, фаталниот расплет ќе се случува во април“, изјави лекарот Хозе Рафаел Маркина.
Маркина го објаснува итното заминување на Чавез во Хавана со сериозни компликации. „Болеста повторно поприми агресивна форма, кај него има метастази во лумбалниот предел, постои компресија на нервите во лумбалниот 'рбет, што може да доведе до парализа“, вели венецуелскиот лекар. Тој додаде дека во текот на операцијата во Хавана здравјто на Чавез ќе биде многу загрозено, а во следните 72 часа може да се појават сериозни компликации.
Венецуелскиот претседател замина на Куба во понеделникот вечерта, а претходно во саботата на националната телевизија објави дека е неопходно врз него да биде извршена уште една операција. Изразувајќи уверување дека лекувањето ќе биде успешно, Чавез, пак, го соопшти и името на личноста за којашто рече дека верува оти ќе биде негов наследник во случај со нешто да му се случи нему. Така всушност за потпретседател на Венецуела беше именуван министерот за надворешни работи, Николас Мадуро.
Маркина уште во март 2012 година предвиде дека венецуелскиот левичарски лидер Хуго Чавез ќе живее до април 2013 година. Како што тогаш рече докторот, на Чавез му е дијагностицирана лејомисаркома, екстремно редок тумор на кожата од мазномускулно потекло. Понекогаш таа достигнува 20 сантиметри во дијаметар.
„Јас не мислам дека Чавез ќе живее многу подолго од шест или седум месеци, судејќи според брзината на развојот на туморот”, изјавил Маркена. Тој уште тогаш предвиде дека, во најдобар случај, Чавез ќе живее до април 2013 година.
Претходно во февруари 2012 година, Маркина, кој има одлични извори во медицинскиот тим на венецуелскиот претседател, изјави дека карциномот од кој страда Чавез, би можел да предизвика метастази во другите витални органи. Маркина тврдеше дека радиотерапијата се врши на различни делови од телото на Чавез, вклучувајќи ги грбот, карлицата и црниот дроб, дека чувствувал болки во стомакот, а покрај тоа претседателот на Венецуела имал и висок крвен притисок.
„За жал, состојбата на претседателот не е многу добра, ракот е неизлечив, прогнозата вели дека не му останува уште многу живот и, според достапните информации, терапијата не помага”, рече тогаш Маркина.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: