Поранешниот плејмејкер на ЛА Лејкерс и Мајами Хит, Смуш Паркер е најновото засилување на Цибона, пренесуваат хрватските медиуми.
„Се е веќе договорено, чекаме само тој да ги извади сите потребни документи во САД. треба да пристигне во Загреб во следните неколку денови. Тој е одличен играч кој доаѓа во голем клуб“, изјавил директорот на Цибона, Никола Пркачин.
Паркер е кошаркар кој има огромно искуство во НБА лигата, две сезони (2005-2007) мина во ЛА Лејкерси, а има играно и за Мајами, Кливленд, Детроит, Феникс и ЛА Клиперс.
Во европа, Паркер има играно за Арис и Ираклис (Грција) и Санкт Петербург (Русија). Во кариерата настапувал и за екипи од Иран, Кина, Венецуела и Доминиканска република.
Паркер е второто засилување за Цибона во изминатите денови, претходно договор со трофејниот клуб потпиша еден од најталентираните млади играчи во светот, Дарио Шариќ.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: