Од каде потекнуваат новогодишните елки

Веројатно многумина од вас во овој дел од годината се запрашале од каде потекнуваат новогодишните елки? Еве го одговорот.

 

Се смета дека првата новогодишна елка е поставена во Катедралата Стразбург во Германија во 1539 година, судејки по германскиот историчар Александар Демант. Во 1844 година, писателот Ханс Кристијан Андерсен ја објавува првата бајка за новогодишното дрво. Бајката се вика “Елка” и зборува за судбината на елката која се користи како новогодишно дрво. Иако новогодишната елка потекнува од Германија, британците се тие кои ја прославија ширум светот.

 

Англискиот магазин The Illustrated London News во далечната 1848 година, објави слика од кралското семејство – кралицата Викторија, Принцот Алберт и нивните деца како позираат пред новогодишната елка. Бидејќи тие биде угледни и добивале големо внимание, поставиле пример за целиот народ. Многумина веруваат дека сопругот на кралицата Викорија, Алберт, кој бил германец, е “виновникот” за носењето на новогодишната елка во Британија. Но, вистината е дека бабата на Викторија, кралицата Шарлота, која била родена во Гермаинја е таа која ги донела и накитила првите елки во палатата во 18 век. 

 

Според германската традиција, новогодишната елка се украсувала со леб од ѓумбир, лешници, ореви и јаболки. Со текот на времето, овие украси биле сменети со пластични, метални, дрвени и светкави. Интересен е податокот дека новогодишната елка станала позната во САД тек при крајот на 19 век, а потоа и низ целиот свет.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: