Откако минатата недела како бомба одекна веста дека Наташа и Влада ја завршија својата врска, тие се смирија. Откако имаше секакви приказни околу тоа дека Влада ја избркал Наташа од кола, како и дека таа сама си заминала, тие сепак ги смирија старстите и останаа заедно.
Она што го пренесуваат српските медиуми е фактот дека веќе неколку дена, парот е на проодлжен викенд во домот на Наташа во Нови Сад. Како што вели пријател близок на Наташа, тие заминале таму со цел родителите на пејачката да го запознаат нејзиното момче. Сестрите на Наташа се веќе воодушевени од нејзиниот избраник, а по викендов, Влада добил зелено светло и од родителите.
Изворот на српските медиуми вели дека Наташа не прави ништо случајно, и дека оваа семејна средба ја организирала со цел да напредне еден чекор поблиску до нејзината цел – брак со Влада.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: