Селекторот на хрватската ракометна репрезентација, Славко Голужа, го објави поширокиот список на играчи кои ќе конкурираат за место во тимот за настап на Светското првенство, кое од 11 до 27. јануари ќе се одржи во Шпанија.
Неверување и шок во хрватската јавност предизвика сознанието дека меѓу 28-те повикани ракометари го нема Ивано Балиќ.
„Јас така решив, тргнуваме во подмладување на репрезентацијата, а Ивано не е во добра форма и не е 100 процентно подготвен“, им ја образложил својата одлука Голужа на хрватските новинари, воедно признавајќи дека не се слушнал со Балиќ за да му ја појасни својата одлука.
Хрватска на ракометниот Мундијал, во првата фаза ќе се натпреварува во Д групата заедно со селекциите на Шпанија, Унгарија, Египет, Алжир и Австралија.
Светската ракометна федерација за ова првенство направи мала измена во правилата, пласман во следната рунда ќе изборат по четири репрезентации од секоја група, но во втората фаза нема да се формираат нови групи туку од осмина финалето ќе се игра нокаут систем, што значи дека победниците ќе минат во четвртфиналето.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: