Се приближуваат изборите за претседател на екипата на Реал Мадрид, тоа значи едно – Флорентино Перез тргнува во продажба за нови ѕвезди.
Реал полека но сигурно ја губи битката со Барселона во Примера Дивизија, а Лигата на Шампионите и понатаму е под знак прашалник, со оглед на формата на Реал Мадрид.
Перез не сака да го дочека крајот на сезоната и почетокот на претседателската кампања без што да понуди. Паѓа ли формата во Реал, Перез мора да повлече големи потези во вид на купување на нови играчи.
Сеуште не се знае точно дали Кристиано Роналдо ќе остане на Бернабе, бидејќи доколку некој понуди 150-200 милиони евра, неговото заминување е сосема можно.
Во тој случај Реал Мадрид сигурно тргнува по ангажман на Радамел Фалкао.
Во Мадрид се шпекулира дека Фалкао е на пола пат до Реал Мадрид.
На радарот на Реал Мадрид се наоѓаат уште неколку познати фудбалери, но се чини дека едно име ќе биде подцртано со дебел фломастер кај претседателот на клубот, а тоа е играчот на Борусија Дортмунд Марио Гетце. Наводно, Перез на натпреварот со Борусија Дортмунд извикал „Доведете ми го тоа момче!“.
Пронајдете не на следниве мрежи: