Како што и девојките чуваат некои тајни од својот дечко, така и тој крие нешто од вас. Ова се работите кои не ги знаете за нив:
1. Зборува со пријателите за тебе
Но не толку колку што девојките би сакале. Наместо цело време да им зборува за тоа дека сте најдобрата девојка на светот, тие радо би се фрлиле на трачарење за своите поранешни девојки. Значи тие би збореле за вас, но откако ќе раскинете.
2. Му се допаѓа вашата пријателка
Тој нема никогаш да флертува со неа, но факт е дека твојата пријателка е слаткото, забрането овошје кое на моменти е многу привлечно. Веруваме дека на ист начин и на вас ви се допаѓа неговиот пријател.
3. Ги користи твоите производи
Знаеме дека често знае да ви се потсмева со производите што ги купувате и кои постојано ви недостасуваат, но верувајте дека тој ќе испроба се што ќе купите. Крема, маска за коса, регенератор и слично. Но, ова не треба да ве загрижува. Тој е само внимателен со својот изглед.
4. Ни тој не знае што прави
Подеднакво како што ти се плашиш кога ќе ви пукне гума, така се плаши и тој. Иако мажите се фалат дека знаат се што треба, сепак праксата покажува дека во некои ''машки'' работи тие се подеднакво неснаодливи како жените.
5. Несигурен е
Како што девојките ги мачи целулитот и две кила повеќе, исто така и тој се грижи за својот изглед. Му сметаат првите бели влакна, мисли дека е премногу или недоволно влакнест, а не е имун ниту на појавата на стомак.
Пронајдете не на следниве мрежи: