31-годишниот Камерунец во дресот на руски Анжи, и поранешен играч на Барселона, упати пофалби до својот поранешен соиграч за кого вели дека многу влијаел на неговата игра во годините кога играа за екипата на Барселона.
Ето во моментов е играч на Анжи, клуб каде спортски директор е Роберто Карлос. Напаѓачот за Анжи одигра 17 натпревари оваа сезона и постигна 7 голови.
Меѓутоа, предобро се сеќава на периодот кога во Барселона за соиграч го имаше Роналдињо.
„Тој е играчиште. Тој е човек кој има одлична енергија која ви ја пренесува. Ги паметам деновите кога бев премногу нервозен, не играв добро, меѓутоа кога ќе го видев него на влезот од соблекувалната со неговата насмевка на лицето, знаев дека веднаш ќе ме расположи“ изјави Ето.
Пронајдете не на следниве мрежи: