Мијатовиќ: Роналдо имаше поуспешна сезона од Меси

Предраг Мијатовиќ смета дека Португалецот Кристиано Роналдо повеќе ја заслужил „Златната Топка“ од фудбалерот на Барселона Лионел Меси.

Предраг Мијатовиќ нема дилеми кога е во прашање трката за наградата за признанието најдобар фудбалер во која главна битка ќе водат Кристиано Роналдо и Лионел Меси.

Иако фудбалерот на Барселона оствари голем рекорт, престигнувајќи го легендарниот Герд Милер, Мијатовиќ смета дека Кристиано Роналдо зад себе има поуспешна и подобра година од Меси.

„Би сакал Роналдо да ја освои наградата, по мое мислење Кристиано имаше подобра година од Меси и постигна подобри резултати“ изјави Мијатовиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: