Тренерот на Галатасарај, Фатих Терим, истакна дека би сакал да го види Бразилецот во своите редови, но дека сеуште не е сигурен дали клубот испратил конкретна понуда за ангажман на Кака.
По победата над Сиваспор со резултат 3-1, Терим откри дека разговарал со претседателот на клубот и му потенцирал дека Кака е негова мета број 1 во зимскиот преоден трансфер-период.
Претседателот на Галатасарај, Унал Ајсал, изјави дека ќе се обиде да стапи во контакт со агентите на Бразилецот и дека би се обидел да го донесе Кака во Галатасарај, по се погласните шпекулации дека Кака би можел да го напушти тимот на Реал Мадрид откако е незадоволен од минутажата која ја добива од Жозе Мурињо.
Лос Анџелес Галакси се наведува како можна дестинација на Кака исто така.
Пронајдете не на следниве мрежи: