Натпреварот од Регионалната Лига што нашиот претставник го игра против Мешков е неизвесен, поради временските услови, Металург го пропушти летот од Виена за Минск.
Ракометарите на Металург се чини дека нема да го одиграат мечот на гостински терен против екипата на Мешков во рамките од Регионалната Лига.
Како причина за тоа се наведуваат временските услови, па поради тоа ракометарите на Металург останале заглавени на аеродромот во Виена, откако поради снегот вчера не успеале навреме да стигнат, па нивниот меч утре е под знак прашалник.
Извор: „НоваМакедонија“
Пронајдете не на следниве мрежи: