Британската влада за истополови бракови

Loading...

Британската влада во вторник најави предлог закон со кој ќе се одобри цивилен брак на лица од ист пол и ќе им овозможи на црквите, кои тоа го сакаат, освен Англиканската, мнозинска во оваа земја, да организираат свечен обред на венчавање.

Оваа „историска еволуција значи дека лицата од ист пол првпат ќе можат да се венчаваат на цивилна свеченост“, се истакнува во документот на Министерството за култура.
„Нашите предлози значат дека бракот ќе биде отворен за сите“, изјави Марија Милер, министерка за култура, која планира предлог законот да го достави до парламентот на почетокот на следната година.

Макфакс

loading...
Loading...