Иако често сме навикнати да го гледаме како игра “лошо момче”, актерот Чарли Шин има добра страна и меко срце.
Пред неколку недели тој и подари 100.000 долари на својата колешка Линдзи Лохан со цел да и помогне да го плати својот заостанат данок. Деновиве, тој е пак во центарот на вниманието благодарение на уште еден хуман гест.
При обичен разговор со полицаец, актерот дознал дека ќерката на полицаецот е болна од рак. Тажната вест го трогнала, па Чарли му напишал чек за 75.000 долари со цел да и обезбеди најдобро можно лекување на својата 10 годишна ќерка.
Чарли неодамна го подари и целиот свој приход стекнат од улогата во филмот Scary Movie на добротворни организации.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: