Македонската кошаркарска репрезентација на 34 место на листата на ФИБА

Loading...

Кошаркарската репрезентација на Македонија е на 34 место на најновата ранг листа на ФИБА, што е пад за едно место во однос на минатото рангирање.

Тоа што не учествуваа Олимписките игри во Лондон, како и недоволно добрите резултати на предолимпискиот турнир, придонесоа „црвено-жолтите” да загубат една позиција во однос на минатото издание на листата на ФИБА.

На првата позиција е олимпискиот шампион САД, пред Шпанија, Аргентина, Грција и Литванија.

Од регионот , селекцијата на Србија бележи пад од четири позиции и сега се наоѓа на 12. Место.

Русите со освојување на бронзениот медал на ОИ во Лондон напредуваа дури пет позиции на оваа листа на ФИБА и единаесеттото место го заменија со шеста позиција

loading...
Loading...