Екипата на Бредфорд Сити, која се натпреварува во четвртата англиска лига (трета дивизија), приреди вистинска сензација во ФА купот, откако во четвртфиналето го елиминира Арсенал.
Бредфорд, од великанот на англискиот фудбал беше подобар по изведувањето на пенали и со 3:2 се пласира во полуфиналето. Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 1:1.
Пласманот во полуфиналето е најголемиот успех на Бредфорд уште од 1911 година кога екипата го освои пехарот во ФА купот.
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер не го потцени Бретфорд, на теренот испрати респектибилен тим, но неговите играчи делуваа целосно индиспонирано. Бретфорд беше поблиску до победата во регуларниот дел, четвртолигашот поведе преку Гери Томпсон, а продолженија на Арсенал му обезбеди Томас Вермален со голот постигнат во 88-та минута.
Во дополнителните 30 минути немаше голови, а во пенал серијата Дојл, Џонс и Конел беа стрелци за Бретфорд, додека промашија Дарби и Џонс. За Арсенал погодија Вилшир и Чембрлен, додека непрецизни беа Казорла, Шамак и Вермален. Бретфорд.
Бретфорд во полуфиналето ќе игра против Астон Вила, која со пресврт го совлада Норич со 4:1.
Втората полуфинална двојка ќе биде формирана по одигрувањето на четвртфиналните двојки Свонси-Мидлсбро и Лидс-Челзи.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: