Две годишната Оливија Гилис, конечно може да се смее, и тоа благодарение на третата по ред операција која ја преживеа со цел да се спречи константното растење на нејзиниот јазик. Уште додека била во матката на нејзината мајка, таа била диагностицирана со Beckwiths Wiedemann синдромот.
“Докторите ни кажаа дека нејзиниот јазик ќе биде три пати поголем од на другите новороденчиња и дека постојано ќе расте. Бевме преплашени” – раскажува Ема, мајката на малата Оливија. Таа ја родила својата ќерка, која и е четврто дете, со царски рез.
Веднаш по породувањето, Оливија ја однеле на педијатрија за да проверат дали е се во ред со нејзиното дишење.
Ема не ја видела својата ќерка првите неколку дена. По неколку недели ги пуштиле од болницата, но јазикот на Оливија не престанувал да расте, па веќе во 12 недела, таа можела да се загуши.
Тогаш заминале на првата операција која поминала добро, но по 7 месеци веќе морале на втора. Таткото на Оливија дал отказ од работа и останал дома за да се грижи за неа.
Таа не можела да јаде, ја хранеле со сонда и не можела да ги изговара правилно зборовите.
Конечно, по третата операција, направена годинава, докторите усепале да го спречат растот на јазикот на малата Оливија, и таа ќе може да расте нормално како и секое друго дете.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: