Човек уби двајца и рани еден во трговски во Орегон

Вооружен човек почнал да пука во трговски центар во близина на Портланд, Орегон, при што убил двајца, ранил еден и на крај се самоубил, јавуваат американските медиуми.

„Можам да потврдам дека тој што пукаше е мртов, од рана што сам си ја нанесе со огнено оружје“, вели командирот на полицијата Џејмс Роудс.
Полицијата ги нема објавено имињата на починатите, а полицијата ги известува нивните семејства.
Повредената жртва е однесена во локалната болница.
Според очевидците млад човек со бела маска за хокеј и панцир на себе влегол во трговскиот центар,  а кај одделот за храна почнал да пука околу 15.30 часот во вторник.
Стотици луѓе биле евакуирани од преполниот трговски центар кога почнало пукањето.
„Тој изгледаше како тинејџер со оружје, носеше панцир и имаше автоматска пушка, бела маска на лицето кога погледна во мене“, вели една жена која била на паркингот.
Сведоци велат дека тој бил одлучен да пука и како човек кој знае што сака да направи.
Тој влегол во трговскиот центар и пукал се додека не стигнал до другиот крај на центарот.
Еден од вработените во продавница во трговскиот вели дека кога погледнал двајца биле застрелани, откако слушнал рафали.
Полицијата го бара оружјето со кое било пукано.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: