Слободно може да се каже дека Instagram моментално е една од најпознатите апликации на App Store и Google Play Market со преку 80 милиони регистрирани корисници.
Претходната 2.0 верзија беше претставена со неколку нови филтри кои драматично ја зголемија главната функционалност на овој сервис. Покрај можноста за едноставно подобрување на фотографиите преку нанесување на филтри и нивно споделување, во новата 3.0 верзија е додадена функционалност која ќе ви помогне во навраќањето на вашите Instagram мемории.
Тоа се Photo Maps, најголемиот новитет во оваа верзија, кои се достапни и на iOS и на Android платформата. Додавањето на оваа функционалност има цел да го продлабочи Instagram искуството, како од перспектива при споделување на фотографии така и при прегледување. Photo Maps ја користи информацијата за локација од каде е направена одредена слика и ја додава истата на интерактивна мапа. Оние кое се загрижени за приватноста и имаат направено слики од нивниот дом, а сакаат локацијата да остане анонимна, не треба да бидат загрижени, бидејќи им е дозволено да ги отсранат информациите за локација од конкретни слики и истите нема да се појавуваат на мапата.
Покрај Photo Maps, во новата надоградба на Instagram додадени се и неколку подобрувања на корисничкиот интерфејс во секцијата за популарни фотографии, каде се прикажуваат истите на малку поинаков начин. Исто така има мали промени во изгледот на Profile менито, кои овозможваат директен пристап до новиот поглед со мапа.
Преземи Instagram од App Store
Преземи Instagram од Google Play
Превземено од www.idroid.mk
Пронајдете не на следниве мрежи: