Северна кореја ја лансираше ракетата

Loading...

Северна Кореја успешно ја лансирање во средата ракетата со долг дострел со што повторно ја предизвика осудат ана меѓународната заедница која дополнително ги нагласи заканите што оваа сиромашна и изолирана земја ги претпоставува за своите соседи во Азија.

Северна Кореја тврди дека ракетата со долг дострел  „Инха-3″ е лансирана за во орбитата да го постави метеоролошкиот сателит „Кванменсон-3″., додека САД, Јапонија и соседот Јужна Кореја сметаат дека ова лансирање претставува само тест за технологијата со којашто комунистичкиот режим во Пјонгјанг еден ден би можел со нуклеарни боеви глави да достигна оддалечени цели, како на пример, континенталните делови на САД.
„Сателитот влезе во планираната орбита“, објави триумфално во средата наутро севернокорејската државна телевизија, откако на програмата биле емитувани патриотски и револуционерни песни, пренесува Reuters.
Лансирањето било успешно за разлика од обидот во април годинава кого ракетата од исти тип падна во морето по помалку од две минути лет, соопштија јапонските и јужнокорејските функционери од одбраната на двете земји кои со големо внимание ги следат активностите на севернокорејската ракетна програма.
Командата на одбраната на северноамериканскиот воздушен простор (NORAD) објави дека „изгледа дека лансираниот објект влегол во орбитата“, што е претставува првата независна потврда на тврдењата на Пјонгјанг.
Северна Кореја ја лансираше ракетата и покрај тоа што пред неколку денови објави дека поради технички проблеми ќе го одложи лансирањето на ракетата коешто беше првично закажано за периодот меѓу 10-ти и 22-ри декември. Во вторникот јужнокорејските воени власти врз основа на анализа на сателитски снимки од севернокорејскиот ракетен центар Шохеи, објавија дека се забележани активности, но според нив стануваше збор за повлекување на ракетата од просторот за лансирање.
Лансирањето го осудија САД, Јапонија, Јужна Кореја и Русија, бидејќи со него се прекршени резолуциите на Обединетите нации коишто на Северна Кореја и’ забрануваат развој на ракетна и нуклеарна технологија. Дури и Кина, којашто е единствениот сојузник на Северна Кореја, изрази „длабока загриженост“ поради лансирањето на ракетата.
Вашингтон лансирањето го осудија како „провокација“, а Јапонија повика на одржување итен состанок на Советот за безбедност на ОН.
„Меѓународната заедница мора да дејствува заеднички за на Северна Кореја да и’ испрати јасна порака дека кршењето на резолуциите на Советот за безбедност на ОН имаат последица“,  објави Белата куќа во соопштение.
Јапонија во понеделникот соопшти дека поради најавеното лансирање на севернокорејската ракета состојбата на боева подготвеноста на нејзината армија е подигнато на највисоко ниво. Во очекување на лансирањето групираше ракетни системи земја-воздух од типот „Patriot PAC-3“ во околината на главниот град Токио и на островот Окинава, а беа распоредени и три разурнувача опремени со ракети за пресретнување од типот „SM-3“.

Макфакс

loading...
Loading...