Уругвајскиот парламент за хомосексуални бракови

Уругвајскиот парламент одобри во средата со големо мнозинство нацрт закон за легализација на истополовите бракови, што со големо задоволство го поздравија околу 200 активисти присутни на дебатата.

Текстот што го изгласа Пратеничкиот дом по осумчасовна расправа од 81 гласови од 87 присутни пратеници, а останува да го потврди Сенатот.
На предлог на левата партија Френте Амполио на претседателот Хозе Мајуисе, нацрт законот е замислен да го преуреди граѓанскито законик за да „хетеросексуалците, хомосексуалци, лезбејките и трансексуалците да можат да склопуваат моногамен брак“.
„Тоа не е закон за хомосексуалната или за геј бракови. Станува збор за мерки за воедначување на институцијата брак независно од полот на сопружниците“, изјави пратеникот Банго Џулиет, еден од авторите на законот.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: