Астролозите за 2013та

Српскиот весник „Трето око“ ангажираше за своето специјално издание 20 видовити лица кои прогнозираа што не чека во наредната година. Видовитите не ги израдуваа читателите, затоа што, меѓу другото, прогнозираат и „трета светска војна“.

Драган Ѓинѓиќ Станковиќ „видел“ дека многумина во Србија „немирно ќе спијат поради немирите во Косово“, предвидувајќи дури можност за „косовска бура“ по пример на книнската и тоа кон средината на наредната година. Овој видовит, како и неговите колеги имаат и зборови на утеха за граѓаните на Србија, затоа што велат дека тоа што ја чека таа држава е „детска песна“ во однос на она што ги чека многу други земји во светот.

Само е прашање на денот „кога мечката ќе заигра пред вратата на Вујко Сем“, прогнозираат 20 видовити од „Трето око“ кој се претставува како „весник за граничните подрачја на науката, мистерија на минатото и денешните денови и феномени за кои не постои рационално објаснување.

Видовитите квелат дека „четворицата јавачи на апокалипсата“ веќе „чекирале билети“ за Германија, САД, Кина, Русија и Британија, а „за подароци носат глад, беда, болест и земјотерси“. Така што Србите ќе побегнат од „баксузната“ 2013 година, а граѓаните на тие држави – нема.

Видовитиот Никола Стојановиќ најавува судири на големите сили, како и атентат врз водечките луѓе на светските сили, како Обама, Путин и Ангела Меркел.

Магистарот на таканаречената бела магија Лав Гершман не гледа на случувањат во 2013 гоидна со „црни очила“. Тој вели дека сирискиот конфликт ќе заврши, а арапскиот бунт се ближи кон крајот. Како нормализираќки фактор во судиритте го гледа Израел, што е разбирливо поради што европското потекло на овој „бел маг“. Но тој, сепак не предвидува лесни и мирни денови за САД. Предвидува дека САД ќе биде под удар на урагани и други временски непогоди, ќе мора да потроши пари на обновување на урнатото, што според по мислењето на овој маг, ќе биде добро, затоа што нема да ги троши парите на покренување на нови војни.

Дејан Лучиќ кој се рекламира како „човекот кој знае се“, ја предвидува смртта на Обама веќе оваа пролет и тоа со труење во авион. Вели дека ќе го убијат оние кои го чуваат, а ќе го наследи Џо Бајден кој е „роднина по мајчина линија со тие кои ќе ја сковаат заверата“.

Шаманот Јарослав Казимиров од 2013 година очекува многу- пораст на оптимизмот во општеството, но и добра година за земјоделстовото, рибарите и поморците. За разлика од него, визионерот од Рожај, Мердан Аговиќ гледа во 2013 година многу студени денови, земјотреси, урагани, но и посета на вонземјани.

Пронајдете не на следниве мрежи: