Автограмот на Чепман од Ленон на аукција

 

Автограмот што Џон Ленон му го даде не својот убиец Марк Чепмен неколку саати пред смртта е изложен на аукција, пренесуваат странските агенции.

Чепмен го доби автограмот на копија од албумот Double Fantasy на 8 декември 1980 година во Њујорк.

Тој се сретнал со легендарниот музичар пред неговиот хотел, кога Ленон излегувал за накај студиото.

По неколку саати кога се вратил назад, Марк Чепмен се уште го чекал пред хотелот и му пукал во грбот.

Плочата со автограмот ќе биде продадена на аукцијата со име Moments in time, а проценетата вредност се уште не е достапна за јавноста.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: