четврток, 12 ноември 2026
Најново

Порше со нов продажен рекорд

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Германскиот произведувач на луксузни спортски автомобили Порше во средата информираше дека во досегашниот дел од годината веќе продал повеќе автомобили од целата мината година, која беше рекордна за компанијата.

Порше во 11 месеци, заклучно со крајот на ноември, продал вкупно 128.978 автомобили на пазарите ширум светот, надминувајќи го рекордот од целата мината година, кога биле продадени 118.868 автомобили.
Само во ноември продажбата скокнала за 38,7 отсто, на 12.928 возила, наведе директорот на одделот на продажба и маркетинг, Бернард Мајер.
Продажбата пораснала на сите светски пазари, а најмногу во САД и Кина, за 71,4, односно за 63,4 отсто.

Макфакс

Поврзани вести