Дали има меурчиња под површината, дали можеби под совршеното пријателство се крие совршена љубов?Поминавте толку многу среќни мигови заедно со него, воопшто не е ни чудно да се родат взаемни љубовни чувства.
Овие 10 знаци ќе ви помогнат да ја дијагностицирате ситуацијата дали степовеќе од пријатели:
СЕ СЛУШАТЕ НА ТЕЛЕФОН СЕКОЈ ДЕН – Без разлика дали се работи за некој трач или за да си посакате добра ноќ, вашите разговори од ден на ден стануваат се подолги.
СПОДЕЛУВАТЕ ТАЈНИ И МИСЛЕЊА – Вие сте една од ретките која знае дека обожава да спие гол, а тој знае во какви пижами спиевте вчера и која ви е омилена боја на долна облека. Флертувате по малку и сакате да споделувате интимни тајни.
Полека ќе започнувате да си ги завршувате речениците еден на друг, исто како и љубовните партнери.
ЗАШТИТНИЧКИ СТЕ ПОСТАВЕНИ ЕДЕН КОН ДРУГ – Дали ви се јави да ве праша кога стигнавте дома или вие нему да се осигурате дека оздравел?
Му помагате да си одбере облека, а тој вас да го средите боксот за вашето куче.
СОСТАНУВАЊЕ СО ДРУГИ И ЉУБОМОРА – Дали тој изгледа добро, дали се состанува со други девојки, а за некоја од нив ви раскажува возбудено? Се иритирате секој пат кога ќе чуете вакво нешто и ви се превртува во стомакот кога ќе бакне некоја.
ПОМИНУВАТЕ ВИКЕНДИ И ОДМОРИ ЗАЕДНО – Викендите, празниците и одморите се среќни мигови, па ако поминувате многу време заедно тогаш очигледно е дека го сакате неговото друштво.
ОДИТЕ НА „КАФЕ“ ЗАЕДНО – Вие сте само пријатели и одите само на кафе, но јасно е дека одите на состанок. Се договарате само двајцата одите во нов ресторан или кино и споделувате нови искуства.
СИ ДАВАТЕ ЧУДНИ ПРЕКАРИ – Тој ви даде слатко животинско име, а и вие го сторивте тоа. Овие прекари се лични и симболизираат огромна поврзаност.
МНОГУ СТЕ ФИНИ ЕДЕН КОН ДРУГ – Можете да се потпрете на него за помош и среде ноќ. Екстремно се лојални и секогаш тука еден за друг.
ТЕЛЕСНИ ДОПИРИ –Ова е еден од најголемите знаци дека сте повеќе од пријатели.
Често се држите за раце или си ја потпирате главата на неговото раме, понекогаш дури се бакнувате и во образ. Ако се галите со пријателот, тогаш зошто ви е потребно момче?
САКАТЕ ДА ГО БАКНЕТЕ И ПРАВИТЕ СМЕШНИ ПАКТОВИ – Знае да ви мине низ глава мислата како би било да го бакнете или склучувате смешни пактови од типот „Ајде да се земеме ако не пронајдеме некој додека да наполниме 30 години“.
Ако можете да го замислите како свој потенцијален партнер еден ден, тогаш ви е повеќе од пријател.
Само затоа што ги откривте овие знаци кај вас, не значи дека треба да избрзувате. Исто така чувствата може да бидат еднонасочни или да се работи само за моментална страст. Понекогаш може да се работи само за љубопитност.
Добро размислете дали сте среќни со сегашниот статус или сакате нешто повеќе. Ако сакате да дадете знак кажете му „знаеш, се прашувам зошто никогаш не сме се состанувале?“ и ќе знаете што точно мисли тој.
Пронајдете не на следниве мрежи: