Легендарниот Јан Рајт го повика управниот одбор на Арсенал да поднесе оставка по шокантниот пораз од Бредфорд во Лига-Купот.
Арсенал не освоил трофеј веќе осум години, а како што игра сезонава нивните неуспеси ќе продолжат најверојатно.
Учеството во Лига-купот е завршено со оглед на фактот што сензационално испаднаа на пенали од четвртолигашот Бредфорд, а легендата на клубот Јан Рајт оваа позиција на клубот ја поврзува со катастрофа.
„Некои мораат да си одат, а Дин веднаш да се врати“ изјави Рајт.
Тој исто така го осуди континуитетот на лоши потези од страна на Арсен Венгер, бидејќи смета дека големи суми на пари биле трошени на играчи за кои се виде дека не се вистински засилувања за тимот.
Пронајдете не на следниве мрежи: